Проверете дали ве има на Избирачкиот список | Правдико

Правдико

   

Проверете дали ве има на Избирачкиот список

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Избирачкиот список е јавна исправа и се води за целата територија на Република Македонија.  Врз основа на Избирачкиот список се спроведуваат изборите и референдумот на државно и локално ниво во Република Македонија.

Право да избира има секој државјанин на Република Македонија кој наполнил 18 години живот и има деловна способност и е со постојано живеалиште во изборната единица, општината, односно градот Скопје каде што се врши изборот.  Државјаните на Република Македонија кои на денот на изборите се на привремена работа или престој во странство, a се запишани во Избирачкиот список врз основа на евиденцијата од надлежниот орган и пријава за гласање, гласаат за избор на претседател на Републиката и за
избор на пратеници во Собранието на Република Македонија во дипломатско – конзуларните претставништва на Република Македонија во странство, односно конзуларни канцеларии во согласност со одредбите на овој законик.

Државната изборна комисија го стави избирачкиот список на увид.

За да проверите дали ве има на избирачкиот список кликнете на следниот ЛИНК

За пребарување во Избирачкиот список по име и презиме кликнете ТУКА.

За пребарување во Избирачкиот  список по адреса кликнете ТУКА.

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико