Правдико

   

Прв квартален извештај од следењето на работата на Судскиот совет

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Институтот за човекови права денеска ќе го промовира првиот квартален извештај од мониторингот врз работата на Судскиот совет на Република Македонија и ќе го презентира проектот „Зголемен јавен надзор врз работата на Судскиот совет на Република Македонија“.

Целта на проектот е да ја запознае пошироката јавност со работата на Судскиот совет на РМ и да ја зголеми неговата отчетност и транспатентност. Проектот е финансиски поддржан од Британската амбасада во Македонија, а ќе се реализира од 1 септември 2017 до 31 март 2018 година.

На промоцијата на извештајот ќе стане збор и за значењето на независноста и непристрасноста на судството во едно демократско општество, но и за тоа како преку соработка на судството, медиумите и граѓанското општество може да се постигне поголема отчетност и транспарентност.

Извор: Телевизија 24

Партнери на Правдико