Правдико

   

Прв средношколски марш против образовните реформи

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

„Доста беше молк“, „Не за математика“, „Ние сме иднината“ – со овие пораки испишани на транспарентите почна масовниот протестен марш на средношколците од фонтаната во Градскиот парк до Министерството за образование и наука.

protesti

Фото: Телма

 

Учениците се пожалија на притисоци и закани доколку се појават на протестот, а во некои училишта велат биле затворани и вратите, но тоа не ги поколебало да им се придружат на своите соученици.

Матурантката Евгенија Јакимовска своето обраќање пред ресорното министерство го започна со стиховите на Кочо Рацин, порачувајќи дека тие не можат да бидат лесно изманипулирани и игнорирани.

Средношколците уште еднаш побараа целосно укинување на екстерното тестирање и враќање на стариот концепт на матура.

На денешниот протест средношколците добија подршка од Студентскиот пленум, родители и професори.

Средношколците своите барања на писмено ги доставиле до Министерството за образование и очекуваат за истите да биде отворена широка дебата со сите засеганти страни, во спротивно Средношколскиот пленум дополнително ќе одлучи дали своето незадоволство повторно ќе го искаже на улица.

Извор: 24 Вести

Партнери на Правдико