Прва средба на специјалната обвинителка Јанева со државниот обвинител Јовески
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Актуелната состојба во обвинителствата, идната редовна комуникација, потребата од размена на искуства, заедничката определба и подготвеност за соработка со цел поефикасно гонење на сторителите на кривичните дела беа теми на кои се говореше на првата средба помеѓу јавниот обвинител на Република Македонија, Љубомир Јовески, и специјалната обвинителка Катица Јанева.
Како што информираат од Обвинителството, на работниот состанок одржан вчера во просториите на Јавното обвинителство на Република Македонија, станало збор и за актуелните реформи во правосудниот систем и неопходната активна вклученост на јавните обвинителства.
„Јовески и Јанева ги разгледаа прашањата опфатени со претстојните измени во законите со кои се регулира кривичната материја, особено во однос на поставеноста и организацијата на обвинителствата. Притоа беше потенцирано значењето на меѓусебната поддршка и почитта со цел успешна реализација на суштинските реформи, кои ќе придонесат за подобрување на улогата на јавниот обвинител во целокупниот правосуден систем во државата“, се додава во соопштението.
Извор: Макфакс