Правдико

   

Првични резултати: Сириза победник на изборите во Грција

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Победник на предвремените парламентарни избори во Грција, според првичните неофицијални резултати, е партијата на крајната левица Сириза. Нецелосните првични податоци велат дека партијата на Алексис Ципрас освоила околу 36 проценти од гласовите, што според проценките би значело меѓу 149 и 151 пратеник во 300-члениот парламент.

2C1FBBDB-1870-46A9-9197-9CCC24939FBF_w308_h173

Втора е партијата на актуелниот премиер Андонис Самарас, Нова демократија со освоени околу 27 насто гласови или 78 пратенички места.

На третото место најверојатно ќе биде екстремно десната Златна зора со нешто повеќе од 6 проценти, а партијата „То потами“ (Река) има меѓу 5 и 6 насто.

Изборниот праг, неофицијално, го минале и Комунистичката партија, некогаш владејачкиот ПАСОК и партијата на левиот центар „Независни Грци“.

Извор: Радио Слободна Европа

Партнери на Правдико