Правдико

   

Првиот човек на „Самсунг“ осуден на пет години затвор за поткуп

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судот во Јужна Кореја го прогласи за виновен првиот човек на Самсунг Ли Џе-Јонг, за поткуп и други обвиненија за корупција и го осуди на пет години затвор.

Тој беше обвинет во рамки на скандлот со екс претседателката на Јужна Кореја која беше отстранета од функцијата поради корупција.

За синот на претседателот на Самсунг, обвинителите бараа 12 годишна казна затвор.

Пресудата  е голем удар за Самсунг, кој е најголемиот производител на паметни телефони во светот и најголемиот конгломерат во Јужна Кореја.

„Судењето на векот” како што уште се нарекува, траеше неколку месеци.

Тоа е дел од скандалот со огромно влијание, кој ја урна владата на поранешниот претседател Парк Геун-Хе, која исто така се соочува со судски процес.

Ли е прогласен за виновен за поткуп на Парк во замена за поддршка на владата за зајакнување на контролата во Самсунг.

49-годишниот извршен директор, де факто раководи со Самсунг, бидејќи неговиот татко е во кома по доживеаниот срцев удар во 2014 година.

Судот, исто така, го прогласи Ли за виновен за проневера и криење имот во странство.

За време на судењето, обвинителите го претставија Ли како магнат кој точно знаел што прави кога Самсунг платил десетици милиони долари на лица поврзани со близок човек на претседателката Парк.

Ли ги негира обвинувањата, а неговите адвокати се очекува да поднесат жалба до пресудата.

Акциите на “Самсунг Електроникс” (SSNLF) на берзата во Сеул паднаа за 1,1% по пресудата.

Извор:Новатв

Партнери на Правдико