Правдико

   

Прво екстрадиција па судење, бараат адвокатите на Грујевски

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На денешното рочиште за предметот „Тврдина 2“ во кој првобовинет е ексначалникот на Петтата управа, Горан Грујевски, со уште шест службенички во УБК, адвокатот Љупчо Шврговски пред судијката Лидија Петровска, која го води случајот, рече дека постојат правни пречки на Грујевски да му се суди во отсуство бидејќи тој е лишен од слобода во Грција и е во екстрадициски притвор.

Според Шврговски, судењето во отсуство не може да се реализира сè додека не заврши екстрадицијата.

Шврговски се повика на Законот за кривична постапка и рече дека доколку му се суди во отсуство ќе му биде повредено правото на одбрана. Адвокатот на Грујевски бара главната расправа да се одложи на неопределено време бидејќи не се знае кога ќе заврши процедурата за екстрадиција.

Обвинителот на СЈО, Трајче Пеливанов, ова барање го оцени како неосновано бидејќи судењето во отсуство на Грујевски не му го ускратува правото да бара повторување на постапката. Тој рече дека станува збор за предмет директно поврзан со скандалот со прислушувањето.

Судијката даде 15-минути пауза за да одлучи за барањето на одбраната.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико