Прво кај психолог и психијатр, па после оружје в рака! | Правдико

Правдико

   

Прво кај психолог и психијатр, па после оружје в рака!

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со цел унапредување на системот за превенција од насилство, службените лица кои поседуваат оружје освен на редовните систематски прегледи ќе бидат подложени и на дополнителни психолошки и психијатриски прегледи.

gorgiev500

Ова било одлучено на последната Владина седница на која биле донесени неколку законски решенија кои ќе бидат вметнати во повеќе Закони.

Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев посочи дека психолозите и психијатрите ќе треба да да дадат извештај за психичката состојба на службеникот и да одобрат дали истото може безбедно да ракува со оружје.

-МВР и Центрите за социјални работи во рок од 24 часа од започнувањето на официјална постапка за кривично дело или прекршок со елементи на насилство ќе бидат должни да ја известат институцијата во која лицето работи дека треба да му биде одземено службеното оружје, истакна Ѓорѓиев.

Институциите, пак, ќе бидат должни да побараат раздолжување на оружјето и муницијата од лицето осомничено за насилство и истиот ќе биде подложено на повторни психолошки и психијатриски прегледи.

– Претпоставениот на лицето кое се сомничи за насилство е должен вработениот да го прераспредели на друга должност во која ќе нема допир со оружје, посочи владиниот портпарол, додавајќи дека со ваквите измени се овозможува институциите навремено да реагираат со цел намалување на случаите на ваков вид на девијација во Македонија.

Извор: Нетпрес

Препорачуваме

Партнери на Правдико