Правдико

   

Прво отпечаток од прст, па лекување!

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Најдоцна до 1 октомври сите болници во Бугарија треба да бидат опремени со уреди за скенирање отпечатоци од прстите на своите пациенти и ако не се стори тоа здравствениот фонд нема плати за извршените услуги. Од здравствената институција НХИФ соопштија дека во пет болници е спроведен пилот-проект за новиот систем на регистрација. Целта е да се приберат информации дали во болниците се врши правилна медицинска помош, објави „Сега“.

22072016100736_web_otisak-prstiju-

До крајот на годинава, воведувањето на системот со отпечаток од прст ќе биде задолжителна само за болниците. Во случај да бидат пронајдени некои недостатоци, здравствениот фонд на болниците нема да им ја исплати дадената услуга. НХИФ има право да не изврши исплата и доколку пациентот одбие да даде отпечаток од прст.

– Се надевам дека сите здравствени осигуреници ќе ја исполнат својата обврска на најодговорен начин, која ќе овозможи контрола на трошењето на здравствените фондови – изјави Гергана Немцховска, шефица на ИТ-одделението на НХИФ.

Новиот систем е во согласност со барањата на комисијата за заштита на личните податоци, а податоците со отпечатоците од пациентите ќе бидат испратени директно во централниот софтвер.

Еден апарат за регистрирање на пациентите со отпечаток од прстот чини 290 лева, а бројот на уредите зависи од големината на болницата. При користењето на системот се користат податоците од биометриските лични карти на пациентот, кој прво треба да се регистрира. Тој мора да внесе ПИН. Системот автоматски нуди опции за скенирање на прстот од сите страни. Така пациентот добива свој единствен идентификациски број (УИН). Потоа следува хоспитализирање на пациентот или прием за испитување. По завршувањето на прегледот повторно се става отпечаток од прстот.

Иницијативата за воведување на новиот систем за идентификација на пациентите, која потекнува од министерот за здравство Петар Москов, наиде на остра критика од Здружението на приватни болници и Центарот за заштита на правата во здравствениот систем, кои сметаат дека неговото воведување е незаконско. Оттаму предупредуваат дека ниедна болница нема да сака да лекува пациент, за кого се знае дека нема да добие пари од фондот, а притоа здравствените институции се соочуваат и со санкции ако одбијат да извршат некоја здравствена услуга. Против воведувањето на системот за најавување на пациентите е поднесена жалба до Врховниот административен суд.

Од НХИФ информираат дека за изработка на софтверот за примената на системот се потрошени половина милион лева, а се очекува да бидат купени 20.000 апарати за земање отпечатоци. Обврски да набават апарати покрај болниците имаат и аптеките и стоматолошките ординации. Вкупните трошоци би надминале четири милиони лева.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико