Првпат објавен конкурс за стипендии за докторски студии во висина од 18.000 денари месечно
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Од академската 2021 – 2022 година Министерството за образование првпат ќе воведе стипендии за докторски студии во државата.
Според МОН, со ова им се излегува во пресрет на потребите и барањата за економско олеснување на оние што одлучуваат да продолжат на трет циклус студии на домашните високообразовни установи.
Конкурсот е веќе објавен и може да се види на следниот линк.
„Воведени се 15 стипендии за студии од трет циклус во земјата од научно подрачје природно-математички науки (поле биологија, физика, геофизика, геологија и минералогија, хемија, биохемија, математика и информатика) и техничко-технолошки науки (електротехника, електромашинство, електроника и автоматика, енергетика, геодезија, градежништво и водостопанство, хемиско инженерство, хемиска технологија, компјутерска техника и информатика, машинство, материјали, металургија, применета геологија и геофизика, рударство, технологија на прехранбени производи, текстилна технологија и телекомуникациско инженерство), со месечна стипендија од 18.000 денари за дванаесет месеци во годината“, се наведува во соопштението од МОН.
Од таму ги охрабруваат заинтересираните кандидати да ги разгледаат условите и да аплицираат доколку ги исполнуваат.
Постапката за аплицирање е дигитализирана преку порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk.
Кандидатите што немаат можност да аплицираат електронски пополнуваат хартиена пријава и ја доставуваат потребната документација по соодветниот конкурс во Министерството за образование и наука.
Поддршка при аплицирањето обезбедува Секторот за наука и иновации. Личните контакти на сите вработени, вклучително и на вработените во овој сектор, се наведени на следниот линк.
Извор: Макфакс