Психијатарот проценил- Поповски е способен да го следи судењето | Правдико

Правдико

   

Психијатарот проценил- Поповски е способен да го следи судењето

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Обвиентиот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски е способен да го следи судењето, оценил психијатарот кој беше повикан да ја процени здравстевната состојба на обвинетиот. Вештакот беше повикан на барање на обвинителите од СЈО, откако адвокатите на Поповски на претходните рочишта тврдеа дека тој се лечи од депресија и поради терапијата и влошената здравстевна состојба не е способен да ги следи судењата.

Инаку денешното рочиште за случајот „Триста“, судијката Лидија Петровска го одложи за 19 февруари, бидејќи ќе го преземе нов судија. Според новиот распоред на Кривичниот суд, таа повеќе нема да суди организиран криминал.

Ѓоко Поповски е обвинет во „Триста“ за незаконска набавка на 300 возила за потребите на МВР, односно за оштетување на државниот буџет за 453.570 евра.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико