Пуџдемон: Ќе прогласиме независност во следните неколку денови | Правдико

Правдико

   

Пуџдемон: Ќе прогласиме независност во следните неколку денови

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Карлес Пуџдемон во интервју за Би-Би-Си изјави дека Каталонија ќе прогласи независност во следните неколку денови.

– Владата ќе дејствува на крајот на оваа недела или на почетокот на следната седмица – истакна Пуџдемон, додавајќи дека засега нема контакти меѓу неговата администрација и централната Влада во Мадрид.

Пуџдемон наведе дека, ако Мадрид се обиде да интервенира и да ја стави под контрола каталонската Влада, тоа ќе биде „грешка што ќе смени сѐ“.

Претходно шпанскиот крал Фелипе нагласи дека актуелната ситуација во Каталонија е „многу сериозна“ и оти каталонските лидери ги прекршиле законите на земјата и покажале „недозволиво отсуство на лојалност“.

Тој, исто така, констатираше дека „неодговорното однесување“ на каталонските лидери може да ја изложи на ризик економската стабилност на Шпанија.

Во цела Каталонија вчера имаше протести поради полициското насилство за време на забранетиот референдум за независност, при што беше побарано Европската Унија да интервенира во спорот помеѓу сепаратистичките каталонски лидери и Мадрид.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико