Пукање во близина на кумановската касарна „Боро Менков“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Непознато лице од возило во движење вчера попладне испукало неколку куршуми од огнено оружје во близина на касарната „Боро Менков“ во Куманово, соопшти денеска МВР.
Полициски службеници излегле на местото на настанот, при што биле пронајдени пет чаури од гасен пиштол.
Случајот во СВР Куманово вчера во 17 часот го пријавиле вработени во касарната „Боро Менков“.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.