Пукање во Долна Матка, полицијата трага по сторителите | Правдико

Правдико

   

Пукање во Долна Матка, полицијата трага по сторителите

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Непознати лица вчера пукале од огнено оружје во село Долно Матка.

Според информациите на МВР, инцидентот се случил околу 16 часот кога во полиција било пријавено дека на кејот на реката Треска неколку непознати лица пукале од огнено оружје.

„Полициски службеници излегле на местото на настанот. На земјен пат биле пронајдени повеќе патрони, кои биле подигнати за понатамошна постапка од увидна екипа од СВР Скопје“, соопштија од МВР.

Од таму додаваат дека се работи на расчистување на случајот.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико