Пукањето на Матка било од сигнален пиштол, кривични пријави за седум лица | Правдико

Правдико

   

Пукањето на Матка било од сигнален пиштол, кривични пријави за седум лица

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Скопската полиција поднесе кривични пријави против седуммина скопјани на возраст од 47 до 23 години поради инцидентот и пукањето кои неодамна се случија на платформата за чамци кај кањонот Матка.

Седумтемина се товарат дека сториле кривично дело насилство, казниво по член 386 од Кривичниот законик.

Како што информираат од МВР, на 9 мај околу 15:10 часот пријавените пристигнале на платформата за чамци во кањонот Матка во сопственост на тројца скопјани.

Веднаш потоа, првопријавениот од групата (40-годишник), физички нападнал еден од сопствениците, додека четвртопријавениот (25-годишник)  му се заканувал со нож.

Потоа, 23-годишник од групата на седумтемина осомничени физички нападнал уште еден од сопствениците.

Во тој момент се вмешал полициски службеник, кој се обидел да ги раздели и да ја смири ситуацијата, но првопријавениот од пиштол за светлосно-звучна сигнализација испукал еден проектил кон сопственикот на платформата кој претходно го нападнал.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико