Пукано кон автомобил во движење во Батинци | Правдико

Правдико

   

Пукано кон автомобил во движење во Батинци

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Дваесет и седумгодишник од село Батинци во полиција пријавил дека во раните утрински часови на 22 март било пукано кон неговиот автомобил, на излезот од ова село.

Сопред пријавата, тој се движел со својот „голф“, а во еден момент кон автомобилот со оружје почнале да пукаат двајца негови соселани, но не го повредиле.

По преземените мерки од полицијата, еден од злосторниците бил пронајден и приведен во полициска станица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико