Правдико

   

Пукано врз скопјанец, се здобил со тешки повреди

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Вчера две лица  од село Арачиново пукале врз лице од Скопје, при што му нанеле тешки телесни повреди. Настанот се случил околу 11.00 часот во Скопје, на автоплац на ул. „Момин Поток“, кога Т.С. (58) и неговиот 16-годишен син од с.Арачиново, Скопско, со пиштоли испукале неколку куршуми кон В.С. (38) од Скопје.

По тоа, двајцата со патничко возило избегале во непознат правец. В.С. се здобил со прострелна рана и бил префрлен во Клиничка болница „Аџибадем Систина“, каде му биле констатирани тешки телесни  повреди и е задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико