Правдико

   

Пуштени во употреба новите простории на кумановското Основно јавно обвинителство

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески и основниот јавен обвинител на кумановското обвинителство Теута Бедиу-Рамадани денескa ги пуштија во употреба новите простории на Основното јавно обвинителство Куманово, опремени со средства од фондовите на Европската Унија.

Од денеска кумановското обвинителство е сместено на третиот кат во зградата на Основниот суд Куманово, со значително подобрени просторни услови за функционирање.

Со одлука на Државниот јавени обвинител од 1 март во кумановското обвинителство ќе почне да функционира и истражниот центар, за што е обезбедена посебна канцеларија во која ќе бидат сместени истражителите.

Во рамките на истиот проект финансиран со средства од ИПА-фондовите на Европската Унија, подобрени се просторните услови во вкупно 11 основни јавни обвинителства.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико