Пусиќ: Ќе се кандидирам за генерален секретар на ОН | Правдико

Правдико

   

Пусиќ: Ќе се кандидирам за генерален секретар на ОН

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Хрватската министерка за надворешни работи Весна Пусиќ ги потврди гласините за тоа дека планира да се кандидира за генерален секретар на Обединетите нации.

08032015181244_Vesna-Pusic-650x396

– Станува збор за неформална одлука на Советот за безбедност од кој дел на светот ќе биде следниот генерален секретар. Се уште не е дефинитивно одлучено дека тоа ќе биде Источна Европа, на која и ние припаѓаме, но засега изгледа дека така ќе биде. Колку што знам, ниту Руската Федерација не се противи на тоа кандидатот да биде од Источна Европа, а и тие припаѓаат на тоа подрачје, вели Пусиќ.

– Кога станува збор за мене, поттикот дојде од Европа, и тоа би било првпат во историјата Хрватска да има кандидат за првото место во ОН. Тоа би било фантастично, бидејќи и самата кандидатура е големо признание за Хрватска и воопшто за нашата видливост во меѓународните односи, порача хрватската министерка.

Одлуката би се донела на есен во 2016 година. Предлогот многу е поврзан со Советот за безбедност, кој има пет постојани членки, па првиот чекор е никој да не стави вето на нечија кандидатура. Потоа, Советот за безбедност предлага кандидат до Генералното собрание, по што следува гласање. Новиот генерален секретар ќе стапи на должност на 1 јануари 2017 година.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико