Путин го потпиша законот за формирање Национална гарда
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот за формирање Национална гарда на Руската Федерација.
Како што наведуваат руските медиуми, документот е објавен на официјалниот интернет-портал за правни информации.
Владимир Путин во април го најави формирањето Национална гарда од внатрешните сили на МВР и на Државната дума и го упати соодветниот закон на усвојување.
Новиот федерален орган на извршната власт ќе се занимава со борба против тероризмот и организираниот криминал, ќе обезбедува јавен ред во вонредни ситуации и за време на изведување контратерористички операции, ќе чува важни државни објекти и специјален товар и ќе и помага на Федералната служба за безбедност во чување на државаната граница.