Путин издаде декрет со кој воените загуби во мирновременски услови стануваат тајна | Правдико

Правдико

   

Путин издаде декрет со кој воените загуби во мирновременски услови стануваат тајна

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој воените загуби во специјални операции во мирновременски услови се строго доверливи.

vladimirco

Уредбата за измени и за дополнувања на претседателскиот декрет, кој датира од 1995 година, на база на податоци што се однесуваат на државни тајни, е објавен на 28 мај на интернет-страницата на руската законска регулатива.

Пред овој амандман, само информации за руските воени загуби во услови на војна се сметаа за државна тајна.

Според новиот декрет, информациите за поединци што ги проучува руската разузнавачка служба, контраразузнавањето и оперативните служби, со намера да ги користи како тајни соработници, исто така, ќе се дефинираат како државна тајна.

Претходно, само информации за луѓето кои навистина соработувале со руските разузнавачки служби беа доверливи.

Измените и дополнувањата доаѓаат во време кога руските сили се вмешани во судирите меѓу украинските сили и проруски сепаратисти на истокот од Украина, што Москва постојано го негира.

Извор: Мета.мк

Партнери на Правдико