Путин на Нетанјаху: Не му судете на Иран како во петтиот век, сега живееме во поинаков свет | Правдико

Правдико

   

Путин на Нетанјаху: Не му судете на Иран како во петтиот век, сега живееме во поинаков свет

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Рускиот претседател Владимир Путин го повика Израел да се фокусира на современите светски работи, откако израелскиот премиер Бенјамин Нетаниаху, кој е во посета на Москва, се повика на една древна легенда за обидот на еден ирански предок да ги искорени Евреите.

Во текот на средбата во Москва, Путин и Нетанјаху разговараа за многу прашања – борбата против тероризмот, кризата во Сирија и затегнатите односи меѓу Израел и Иран, пренесува RT.

Путин започна со честитка до премиерот Нетанјаху по повод традиционалниот еврејски празник Пурим, со кој се одбележува спасувањето на еврејскиот народ од Хаман, везир во древното персиско царство.

Како одговор, Нетанјаху изјави Персија направи “обид да го уништи еврејскиот народ, но не успеа ” речиси пред 2.500 години, истакнувајќи дека “денес постои обид од страна на наследникот на Персија, Иран, за уништување на државата на Евреите.”

Меѓутоа, овој пат Израел има своја територија и војска која ја штити својата територија, рече Нетанјаху.

Путин истакна дека овие настани се случиле ” во петтиот век пред нашата ера, ние сега живееме во еден поинаков свет” и предложи да разговараат за актуелните проблеми во регионот.

Нетанјаху ги поздрави напорите на Русија во борбата против Исламската држава и други екстремистички групи, пренесува RT.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико