Путин повикува на формирање меѓународна коалиција за борба против тероризмот | Правдико

Правдико

   

Путин повикува на формирање меѓународна коалиција за борба против тероризмот

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска упати повик за создавање меѓународна коалиција за борба против тероризмот, дополнувајќи дека за ваквата иницијатива разговарал и со претседателот на САД Барак Обама.

04092015103858_Putin

Пред новинарите во Владивосток на маргините на Источниот економски форум Путин дополни дека разговори на оваа тема води и со лидерите на Турција, Саудиска Арабија, Јордан, Египет и други земји.

Путин дополни дека неговата земја ги продолжува политичките напори за формирање коалиција и според првите назнаки неговата иницијатива би можела да се оствари.

Тој уште потенцираше дека Сиријците кои во моментот масовно бегаат кон Европа не бегаат од режимот на Башар ал Асад, туку од „исламска држава“, која окупираше голем дел од териториите на Сирија и Ирак и таму извршува ѕверства.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико