Правдико

   

Путин: Русија има право да ги употреби сите можности во Украина

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

putinРускиот претседател Владимир Путин вели дека неговата земја е подготвена да ги употреби сите можности за да ги заштити Русите во Украина, но дека се надева дека не ќе мора да употреби сила.

Овој коментар уследи среде растечката криза во врска со руското армиско присуство во украинскиот регион Крим.

САД и европските сојузници размислуваат за санкции против Русија за движењето на нејзините армиски сили во Украина.  Путин, пак, кажа дека оние кои разгледуваат таква можност би требало да размислат и за штетата што ќе ја претрпат од таквата мерка. 

Во првиот јавен коментар откако соборениот украински претседател Виктор Јанукович побегна од Киев, Путин рече дека политичката смена во Украина претставува противуставен државен удар и дека Јанукович се` уште е легитимен водач на Украина, без оглед што е без политичка иднина.

Американскиот државен секретар Џон Кери денес во Киев треба да се сретне со членовите на привремената влада и да ја подвлече американската поддршка за украинскиот суверенитет.

Додека Кери беше на пат за Укаина, Путин нареди десетиците илјади војници што учествуваа во вежба во западниот дел на Русија, близу границата со Украина, да се вратат во касарните.  Вежбата и онака беше планирано да заврши, така што не е јасно дали потегот е со намера да ја намали напнатоста.  Москва негираше дека вежбата, што започна минатата недела, има некаква врска со ситуацијата во Украина.

Извор: Глас на Америка

Партнери на Правдико