Путин: Уставот над меѓународните судови
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Рускиот претседател потпиша закон со кој на Русија и се дозволува да ја отфрли пресудата на меѓународните судови.
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој и се дозволува на Русија да одлучи дали да ги спроведе или одбие пресудите на меѓународните судови, вклучувајќи го и Европскиот суд за човекови права, изјавија вчера државните медиуми.
Законот, усвоен од Собранието на почетокот на месецот а Путин го потпиша во понеделникот, му дава право на рускиот Уставен суд да отфрла пресуди кои ги смета за неуставни.
Минатата година, Европскиот суд за човекови права со седиште во Стразбур пресуди дека Русија мора да плати близу две милијарди евра компензација на поранешните сопственици на пропаднатат руска нафтена компанија Јукос.
Обврски на Москва
Со новиот закон, што се гледа како на начин Русија да избегне да го плати надомест за Јукос, може да го намали кредибилитетот на земјата во меѓународните договори.
Хјуман рајтс воч, исто така, смета дека Законот е наменет за да се оневозможат жртвите на кршењето на човековите права во Русија да добијат правда преку меѓународните тела.
Како потписничка на Европската конвенција за човекови права во 1998 година, земјата е должна да ги почитува одлуките на Европскиот суд за човекови права.