Путин вети соработка за паднатиот авион | Правдико

Правдико

   

Путин вети соработка за паднатиот авион

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Тешко вооржени сепаратисти досега ја попречуваа работата на експерите на местотo на падот на малезискиот авион во Источна Украина. Западот го губи трпението и ѝ се заканува на Москва.

0,,17796346_303,00

Поради растечкиот меѓународен притисок рускиот претседател Владимир Путин вети негова „целосна соработка“ при расветлување на причините за најверојатното соборување на патничкиот авион во Источна Украина. Во телефонски разговор со холандскиот премиер Марк Руте Путин, според наводи од Хаг, понудил негова помош при предавањето на пронајдените тела и црните кутии на боингот 777. Исто така и во телефонскиот разговор со австралискиот премиер Тони Абот Путин сигнализирал подготвеност за соработка.

Авионот на „Малезија еирлајнс“ со 298 патници и членови на екипажот падна изминатиот четврток. Поголемиот дел од патниците потекнуваа од Холандија. Голем дел од мртвите тела во моментов се наоѓаат во воз во градот Торес. Ладилниците-вагони се чувани на една железничка станица од страна на вооружени бунтовници. Сепаратистите според сопствени наводи ги имале и црните кутии на авионот. Според податоци од Руте холандски експерти денеска би требало да почнат со идентификацијата на жртвите.

Велика Британија, Франција и Германија претходно го зголемија притисокот врз Путин. Путин би морал да се заложи кај проруските сепаратисти, независни експерти да имаат пристап до местото на несреќата. Канцеларката Меркел, претседателот Оланд и премиерот Камерон исто така на Москва и се заканија и со заострување на санкциите.

Советот за безбдност на ОН би можело денеска да расправа за резолуција за падот на авионот. Во текстот се бара да запрат борбените дејствија околу местото на уривањето на авионот. Освен тоа се повикуваат сите учесници во регионот, меѓу нив и Русија на соработка со меѓународните истражни органи. Москва би можела да ја блокира резолуцијата со вето.

Извор: DW

Препорачуваме

Партнери на Правдико