Работи кои треба да ги знаете пред да одите кај адвокат
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.1. Започнете со основното прашање – Дали ми треба Адвокат?
Дефинирајте го проблемот пред да помислите да ангажирате адвокат.
Некогаш е лесно да знаете дали ви треба адвокат или не. Но ако сте тужени или сте обвинети за некое кривично дело – тогаш сигурно ќе ви треба добар адвокат кој ќе ви помогне да се браните и да ги заштитите вашите права.
Совет од добар адвокат може да ви помогне да ги разберете комплексните закони поврзани со имотни прашања, склучување договори, составување тестамент и слично. Добриот адвокат е секогаш тука да им помогне на оние кои имаат правни проблеми, како и на оние кои сакаат да ги избегнат истите.
2. Запрашајте се дали е возможно и разумно сами да го решите проблемот
Постојат случаеви каде можете и сами да го решите проблемот без помош од адвокат. Но, некогаш добар совет од адвокат може многу повеќе да ви се исплати. Адвокатот може да Ви помогне во изнаоѓањето на вистинските луѓе кои треба да ги контактирате, како и да ги избегнете ситуациите кои можат да наштетат на вашиот случај.
3. Како да најдете адвокат што ќе одговара за вашите потреби?
Прво треба да најдете адвокат што најдобро ќе се справи со вашиот случај. Повеќето адвокати се специјализирани за одредена правна област, затоа потрудете се да го најдете вистинскиот адвокат кој работи на случаеви како вашиот, и кој ќе ви пружи најдобра заштита.
4. Разгледајте повеќе Адвокати
Разгледајте повеќе адвокати пред да одберете еден. Важно е да најдите соодветен адвокат кој ги има вештините што Вас ви требаат, кој ќе биде искрен со Вас и ќе работи во Ваш интерес. Бидете припремени кога ќе се јавите или кога ќе го запознаете адвокатот што сте го избрале. Направете список на прашања за информациите што вас ви требат. Фокусирајте се на тоа што сакате да го дознаете, вклучувајќи прашања за слични случаеви, кои се вашите шанси за успех во спорот и слично.
5. Седум прашања кои треба да си ги поставите пред да ангажирате адвокат
1. Дали адвокатот е специјализиран за одредена правна област?
2. Дали адвокатот претходно има работено на случаи како Вашиот?
3. Какви резултати адвокатот може да предвиди за вашиот случај?
4. Кои се алтернативите при поднесување на тужба ?
5. Дали случајот може да се реши преку медијатор или арбитража?
6. Како адвокатот ќе ве информира за напредокот на случајот?
7. Дали други ќе помагаат во случајот?
6. Разгледајте ги вашите опции
Вашиот адвокат треба да ги знае вашите идеални очекувања. Адвокатот треба да ви ги објасни сите можни опции и да кажете кои од тие опции се прифатливи за вас. Ова се некои работи кои можат да се спомeнат додека дискутирате со адвокатот за сите можни опции/очекувања кои вие ќе ги прифатите.
– Како би се движеле трошоците за водењето на постапката?
– Колку време би траела целата постапка?
– Кое е најлошото сценарио за вашиот случај?
7. Имате право да знаете како вашите пари ќе бидат потрошени
Направете го следното за да ги намалите вашите трошоци.
– На самиот почеток кажете му на вашиот адвокат се што знаете. Не чекајте до последен момент да кажете нешто што може да биде од голема важност за случајот. Чекањето до последен момент и некумуницирањето со адвокат може да ве чини многу повеќе.
– Бидете конкретни и комуницирајте со вашиот адвокат доколку има потреба.
– Бидете сигурни дека сте одбрале добар адвокат. Ако планирате да го менувате адвокатот на сред постапка, тоа ќе ве чини пари и време.
– Прашајте дали можете и Вие нешто да направите за да помогне во процесот. Бидете подготвени и почитувајте ги роковите закажани со вашиот адвокат.
–ПРАВДИКО–
visit jobtips.us – History of lawyers