Работилница „Меѓународна соработка во граѓански и трговски спорови“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Академијата за судии и јавни обвинители денеска и утре е домаќин на тркалезна маса на тема „Меѓународна соработка во граѓански и трговски спорови“ на која предавачи се судии од Холандија, Шпанија, Хрватска и Словенија.
За нас посебно значајно е присуството на хрватскиот судија Ѓуро Сеса кој што ќе ја изложи ситуацијата со хрватското искуство пред и по приемот во ЕУ, истакна директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Анета Арнаудовска.
Според судијата на Врховниот суд на Хрватска Ѓуро Сеса, навременото посветување внимание на спроведувањето на граѓанското процесно право на ЕУ ќе биде од големо значење за Македонија.
– Ова е добро за Македонија за да не и се случи истото како на Хрватска каде што судиите на тој процес не посветија внимание. Од минатата година се наоѓаме во голем вакуум помеѓу она што треба да го применуваме и она што го применувавме досега. Процесното право ни е многу слично бидејќи влечеме корени од исти темели и добро е на време да знаете што ќе биде различно, без разлика што тоа ви изгледа дека ќе се случи во некоја далечна идниниа, но доаѓа многу брзо и добро е да не ве затекне, нагласи Сеса.
Додаде дека најважни се уредбите на граѓанското и стопанско право за прашањето за достава, собирање и изнесување на доказите, налог за спроведување и други одредби со кои се олеснува процесниот пат во меѓуграѓанските спорови.