РАБОТИЛНИЦА на тeмa: „Борба против оргaнизирaн криминал со фокус на трговија со луѓе и криумчарење мигранти“ | Правдико

Правдико

   

РАБОТИЛНИЦА на тeмa: „Борба против оргaнизирaн криминал со фокус на трговија со луѓе и криумчарење мигранти“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

logos

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, во соработка и со финансиска поддршка на Инструментот за техничка помош и размена на информации (ТАIEX) на Европската Комисија, како и во соработка со ИПА Проектот „Поддршка во спроведувањето на реформите во кривичниот систем“, организира работилница на тема: „Борба против организиран криминал со фокус на трговија со луѓе и криумчарење мигранти“.

Работилницата ќе се одржи на 19 и 20 март 2015 година (четврток и петок) во хотел Арка во Скопје.

Истата е наменета за судии и јавни обвинители од сите апелациони подрачја и за претставници од други релевантни институции.

Свои излагања поврзани со темата на работилницата ќе имаат:
-Г-ѓа Вилма Русковска, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и предавач на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“

-Г. Јордан Апостолски, адвокат, проектен менаџер на ИПА Проектот „Поддршка во спроведувањето на реформите во кривичниот систем“

-Г. Санде Китанов, началник на Сектор за трговија со луѓе и илегална миграција, Министерство за внатрешни работи, Република Македонија

-Г-ѓа Диана Ковачевиќ-Ременариќ, заменик на државниот јавен обвинител на Република Хрватска

-Г-ѓа Ен Луковјак, јавен обвинител на обвинителството во Источна Фландрија во Белгија

-Г. Патрик Боржус, шеф на Оддел за трговија со луѓе и криумчарење мигранти, Правосудна полиција во Брисел, Министерство за внатрешни работи

– Г. Гуалтиеро Микелини, судија на Апелациониот суд во Рим, Италија, виш правен експерт на ИПА Проектот „Поддршка во спроведувањето на реформите во кривичниот систем“

– Г. Драган Новосел, заменик на државниот јавен обвинител на Република Хрватска

Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на Советувањето се следните:

-Криумчарење мигранти: проблеми и предизвици во борбата со криминалот
-Законски одредби и судска пракса за кривичното дело криумчарење мигранти
-Трговија со луѓе во Република Македонија – национални трендови, појавни облици, предизвици во откривање и докажување на кривичното дело
-Запознавање со Директивата 2011/36/ЕУ, имплементација во ЕУ-МС и најдобри практики за поддршка на жртвите
-Најдобри практики во кривичното право и гонење на разни форми на трговија со луѓе (посебни истражни мерки и заштита на сведоци), особено сексуална експлоатација на жени и деца, присилување на принудна работа, питачење и крадење органи – Презентација на студија на случај
-Третман на лицата кои одлучуваат да соработуваат, согласно Италијанската легислатива за борба против организираниот криминал
-Белгискиот пристап кон феноменот на трговија со луѓе и криумчарење мигранти од аспект на полицијата: не можност за собирање докази без соодветни информации
-Искуство во однос на истрагата и прибирањето докази во случаите на организиран криминал: Употреба на мерки за прибирање докази (истражни мерки), со посебен акцент на  соодветни мерки за справување со трговија со луѓе и криумчарење мигранти
-Конфискација и проширена конфискација на имот стекнат преку трговија со луѓе (хотели, ресторани и друг имот)

Програмата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико