Работилница на тема “Борба против организиран криминал со фокус на трговија со луѓе и криумчарење на мигранти”
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Академијата за судии и јавни обвинители “Павел Шатев” во соработка со Инструментот за техничка помош и размена на информации (TAIEX) на Европската Комисија, ИПА Проектот “Поддршка во спроведувањето на реформите во кривичниот систем” и Адвокатската комора на Република Македонија, организира работилница на тема “Борба против организиран криминал со фокус на трговија со луѓе и криумчарење на мигранти”.
Работилницата е наменета за судии и јавни обвинители од сите апелациони подрачја, адвокати и претставници од други релевантни институции.
Работилницата ќе се одржи на 19-20 Март 2015 година (четврток и петок) во хотел во Скопје.
Сите колеги кои се заинтересирани да земат активно учество на оваа работилница, задолжително да се пријават во Адвокатска комора на Република Македонија на е-маил. lawyermk@mba.org.mk најдоцна до 15 Февруари 2015 година.