Работилница на тема: „Слобoдa на изразување и право на приватен живот “
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Согласно Kаталогот за задолжителна континуирана обука за судии, јавни обвинители, претседатели на судови и јавни обвинители на јавните обвинителства, Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев, организира дводневна работилница на тема: „Слобода на изразување и право на приватен живот (член 10 и 8 од ЕКЧП)/Примена на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета“ што ќе се одржи на 26 и 27 јануари 2015 година, (понеделник и вторник) во просториите на Академијата, со почеток во 10:00 часот.
На работилницата ќе учествуваат судии кои постапуваат по предмети за навреда и клевета од Апелационото подрачје Скопје.
Излагања поврзани со темата на работилницата ќе имаат: г-а Лидија Тасева, судија на Врховен суд на Република Македонија; г-а Лидија Димчевска, судија на Апелационен суд Скопје; м-р Костадин Богданов, директор на Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права – владин агент и м-р Даница Џонова, Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права.
Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на работилницата се следните:
– Примена на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета (досегашна судска пракса, лоцирани проблеми во примената);
– Примена на член 10 и член 8 од ЕКЧП во одлуки на судот со посебен осврт на образложенијата на одлуките (Анализа на случаи од судската пракса низ дискусија со учесниците);
– Праксата на Европскиот суд за човекови права во врска со примената на член 10 и член 8 од Европската конвенција за човекови права.
Програмата согласно која ќе се одвива Работилницата можете да ја преземете ТУКА