Правдико

   

Работилница на тема: „Упaтствa зa водeње истраги и истражни дејствија“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Screenshot_5

Во текот на 2014 година продолжува спроведувањето и имплементацијата на ИПА Проектот “Поддршка во спроведувањето на реформите во кривичниот систем“ во рамки на Националната програма за помош при транзиција и институционална надградба (TAIB) за 2009 година, во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА), проект финансиран од ЕУ. Овој проект има за цел реализација на две компоненти: компонента 1 – зајакнување на капацитетите на јавното обвинителство, правосудната полиција и другите актери во кривичната постапка во насока на спроведување и имплементација  на новиот закон кривична постапка; и компонента 2 – зголемување на ефикасноста во спроведувањето на кривично-правната рамка преку проценка на нејзиното влијание и обезбедување на кохерентност помеѓу новите закони. 

Во рамки на овој проект ќе бидат реализирани повеќе од 20 настани во вид на советувања, работилници и тркалезни маси, наменети за јавните обвинители, судиите, правосудната полиција и другите актери во спроведувањето на новиот закон кривичната постапка.

Во таа насока, Академијата за судии и јавни обвинители, во соработка со Проектот, ќе организира три дводневни работилници на тема: Упатства за водење истраги и истражни дејствија, каде покрај националните практичари на првото, излагања поврзани со темата ќе има и г. Драган Новосел, заменик јавен обвинител на Република Хрватска.

 Работилниците ќе се одржат во просториите на Академијата, на следниве дати:

 – 27-28 Мај (вторник-среда)

– 29-30 Мај (четврток-петок)

– 02-03 Јуни (понеделник-вторник)

 Агендата согласно која ќе се одвиваат работилниците можете да ја преземете ТУКА

Извор: Академија за судии и јавни обвинители

Партнери на Правдико