Работилница: „Правила на докажување со посебен осврт на методите и техниките на докажување во адверзијалната постапка“ | Правдико

Правдико

   

Работилница: „Правила на докажување со посебен осврт на методите и техниките на докажување во адверзијалната постапка“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со Инструментот за техничка поддршка и размена на информации (TAIEX) на Европската Комисија, организира работилница на тема „Правила на докажување со посебен осврт на методите и техниките на докажување во адверзијалната постапка“.


Работилницата ќе се одржи во периодот 10-11 декември 2019 година во хотел во Скопје (локацијата дополнитечно ќе биде одредена). Предавачи на работилницата ќе бидат д-р Марин Мрчела судија во Врховниот суд во Хрватска и претседател на ГРЕКО и д-р Лаура Валковиќ, адвокат од Загреб.

За учесниците кои доаѓаат од надвор од Скопје на далечнина поголема од 100 километри, коорганизаторот може да обезбеди ноќевање на 9 и 10 декември 2019 година (понеделник и вторник) или само на 10 декември 2019 година (вторник) доколку учесникот тоа го побара при пријавување за учество.

Адвокатите кои се заинтересирани за учество, треба да се пријават на е-маил адресата:  lawyermk@mba.org.mk Бројот на учесници ограничен, истите ќе бидат прифаќани врз основа на принципот: прв пријавен – прв услужен.

Препорачуваме

Партнери на Правдико