Работилница: „Принципот на еднаквост на оружјата во кривичната постапка (чл.6 од ЕКЧП) | Правдико

Правдико

   

Работилница: „Принципот на еднаквост на оружјата во кривичната постапка (чл.6 од ЕКЧП)

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка и со финансиска поддршка на Инструментот за техничка помош и размена на информации (TAIEX) организира работилница на тема: „Принципот на еднаквост на оружјата во кривичната постапка (чл.6 од ЕКЧП)“.

Работилницата ќе се одржи на 11-12 мај 2017 година во Скопје (точната локација на работилницата дополнително ќе биде утврдена).

Работилницата е наменета за судии, јавни обвинители, адвокати, претставници на Бирото за застапување на РМ пред ЕСЧП и на Министерството за правда на РМ.

Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: lawyermk@mba.org.mk. Пријавувањето на учесници е заклучно со 29 март 2017. Учесниците ќе бидат прифаќани врз основа на принципот: прв пријавен – прв услужен.

Препорачуваме

Партнери на Правдико