Работилница: „Убедителни аргументи за судот во кривичната постапка“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Амбасадата на САД во Република Македонија и Здружението за кривично право и криминологија на Република Македонија, на ден 13-14 септември (четврток и петок) организираат панел дискусија и работилница на тема: „Убедителни аргументи за судот во кривичната постапка“ во хотел “Стоун Бриџ” (Stone Bridge) во Скопје.
Учесниците на работилницата (експерти, судии, обвинители и адвокати) ќе дебатираат во врска со аргументите што судот ги зема во предвид при донесувањето на пресуда, ефективни вештини на странките во постапката како и улогата на вешаците и технчките советници во текот на постапката.
За таа цел, адвокатите кое се занимаат со кривична материја и се заинтересирани активно да земат учество во панел дискусијата, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: lawyermk@mba.org.mk.
Преземи документ: