Работилница за имплементација на Законот за правда за децата | Правдико

Правдико

   

Работилница за имплементација на Законот за правда за децата

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Kанцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје, преку невладината организација Совет за превентива против малолетничка деликвенција од Кавадарци, го имплементира проектот за подготовка на Коментарот на Законот за правда на децата, работилници и обуки за имплементација на законот, обуки за примена на процедурите за постапување со деца жртви од насилство, како и креирање на индикатори за следење на ситуацијата со деца жртви од насилство.

Проектот се реализира во соработка со Адвокатската комора на РМ, МВР, Министерството за труд и социјална политика односно Центрите за социјална работа, Јавното обвинителство на РМ, Здружението на судии на РМ и претставници од Министерството за правда, Државниот совет за превенција на детско престапништво и на невладнини организации.

Следната работилница во рамки на проектот ќе се одржи на на 27.04.2017 на Правниот факултет во Штип со почеток од 10:30 часот, а предвидено е да заврши во 14:30 часот.

Целта на работилниците е да се детектираат критичните точки во импементацијата на Законот за правда за децата, да се разговара за пречките во имплементацијата, потребите и предлозите за подобрување на сосотојбите.

Работилницата е наменета за адвокати од Струмица, Штип, Радовиш, Кочани и Берово кои работат на Законот за правда за децата и со деца жртви од насилство.

Препорачуваме

Партнери на Правдико