Работната група неделава ќе проверува дали се местеле судии на предмети во Апелација | Правдико

Правдико

   

Работната група неделава ќе проверува дали се местеле судии на предмети во Апелација

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Работната група при Министерството за правда предводена од судијата Лазар Нанев неделава ќе проверува како функционирал електронскиот систем за распределба на судски предмети во Апелациониот суд во Скопје, потврдуваат за „Макфакс“ од ова министерство.

Се очекува по завршувањето на проверката, работната група да направи проверка и во Врховниот суд, по што треба да биде изготвен финален извештај, кој ќе ѝ биде презентиран на јавноста. Од Министерството за правда информираат дека министерот Биљен Саљији треба да се сретне повторно со работната група на која ќе бидат презентирани досегашните наоди.

Од Врховниот суд за „Макфакс“ потврдија дека сè уште не се готови заклучоците по посетата на претседателот на Врховниот суд и раководителот на службата за информатика, кои пред една недела вршеа контрола на функционирањето на АКМИС-системот во гевгелискиот суд.

Извор:Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико