Правдико

   

Работник загинал додека одглавувал лифт во катната гаража „Солунски Конгрес“

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Работник загина во катната гаража „Солунски Конгрес“, во обид да го одглави лифтот за автомобили.

katna

Како што информира МВР, во средата попладне при изведување на работи на лифт во катната гаража „Солунски Конгрес“, М. В. (57) од Скопје, во обид да го одглави лифтот за автомобили, кој бил заглавен на осмиот кат, се лизнал и паднал. Истиот од страна на Итна медицинска помош бил пренесен на КАРИЛ, каде му биле констатирани тешки телесни повреди опасни по животот.

Ноќеска по полноќ М.В. починал. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико