Работните групи денеска за специјалниот јавен обвинител | Правдико

Правдико

   

Работните групи денеска за специјалниот јавен обвинител

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

E58BA0DA-6470-49D1-A083-4732D522ECEB_w640_r1_sПартиските групи кои работат на спроведувањето на договорот од Пржино за надминување на политичката криза во Македонија, како што е најавено, денеска повторно на дневен ред ќе го имаат прашањето за специјалниот јавен обвинител, кој ќе има надлежност да ги истражи случаите „Прислушување“ и „Пуч“.

Тој треба да биде избран најдоцна до 15 септември, две недели по враќањето на опозицијата во Собранието. Питер Ван Хојте кој е олеснувач во разговорите меѓу партиските работни групи, по вчерашната петчасовна средба изјави дека бил постигнат сериозен напредок за изборниот законик. „Техничките детали треба да ги разработат техничарите, но за политичкиот договор сме многу блиску до солиден договор за сите проблеми“, појасни Ван Хојте.

Извор: Радио слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико