Работните групи ги продолжуваат преговорите за изборната регулатива | Правдико

Правдико

   

Работните групи ги продолжуваат преговорите за изборната регулатива

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Нова рунда преговори денеска продолжува во клубот на пратеници за измените на изборната регулатива кои произлегуваат од договорот во Пржино.

pregovori

Промената на изборниот модел, прочистувањето на избирачкиот список, надлежностите на ДИК, гласањето на дијаспората, се прашањата за кои до 6 октомври политичките партии треба да постигнат договор.

Во приближувањето на спротиставените ставови околу теренски проверки и гласањето на дијаспората, покрај европскиот олеснувач Питер Ванхауте ќе помагаат и експерти на ОБСЕ-ОДИХР.

Тие денеска ќе бидат присутни на средбата на работната група, а во изминативе денови имаа средби со партиски претставници.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико