Работните групи продолжуваат и денеска за изборните закони | Правдико

Правдико

   

Работните групи продолжуваат и денеска за изборните закони

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Денеска продолжува работата на работната група составена од претставници на четирите најголеми политички партии за изборниот законик, како и за целокупниот изборен процес, пишува НОВА.

24048golema

„Не е лесно, но сум оптимист дека ќе успееме“, изјави по вчерашните разговори белгискиот експерт Питер Ванхојт, кој оцени дека биле многу добри.

Има напредок во преговорите за изборниот законик и избирачкиот процес, но на партиите е обврската да ги соопштат заклучоците кога тие ќе бидат посигнати, ова беше единствената информација од вчерашната работна средба по четири часа преговори.

Додека претставниците на преговарачките тимови на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, си заминаа без изјави за текот на преговорите, единствената официјална информација дојде од белгискиот експерт Питер ван Хауте, кој пред новинарските екипи изјави дека имале интересна и солидна дискусија и дека постигнале напредок во преговорите околу изборниот процес.

Тој додаде дека до крајот на неделата се очекува на преговарачка маса да се најде повторно прашањето за специјалниот Јавен обвинител, а средбите најави дека ќе продолжат и во наредните месеци, до почетокот на изборната кампања во февруари.

Засега нема потврда дали на маса бил и предлогот за промена на изборниот модел кој е во фокусот на јавноста изминативе неколку денови, откако политичките лидери јавно порачаа дека се за промени. И тоа Заев за една изборна единица, а Груевски за мнозински модел со бонус 17 пратенци за победникот на изборите, предлог кој категорично беше отфрлен од СДСМ, ДУИ, и дел од помалите партии.

Преговорите продолжуваат и денеска, а како што е познато освен за активната регистрација на гласачи, партиите се блиску до решение и за составот на ДИК, со тоа што се предлага да има 9 члена и тоа три члена да предлага власта, три опозицијата и тројца независни експерти.

Во однос на гласањето на дијаспората, неофицијално партиите се далеку од договор.

Oд четврток се најавува најжешката тема–избор на специјален јавен обвинител, во кој очите на јавноста ќе бидат свртени низ целиот период до изборите најавени за април.

Според договорот од Пржино, специјалниот јавен обвинител треба да биде избран најдоцна до 15 септември.

Средбите би продолжиле и во наредните месеци, до почетокот на изборната кампања во февруари.

Извор: Нова ТВ

Препорачуваме

Партнери на Правдико