Правдико

   

„Радио Скопје“ и „ТВ Нова“ го прекршиле изборниот молк

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги утврдила дека „Радио Скопје“ и „ТВ Нова“ го прекршиле изборниот молк за вториот круг од локалните избори. Од Агенцијата најавија прекршочни постапки против овие два медиума.

„Во текот на изборниот молк за вториот круг од гласањето на локалните избори, со мониторингот на Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги констатирано е едно прекршување кај Првиот програмски сервис на Македонското радио (Радио Скопје). Имено, во емисија за земјоделците емитувани беа изјави од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски“, велат од ААВМУ.

Освен ова, се додава во соопштението, во последните два дена од мониторингот на изборната кампања во вториот круг од изборите констатирано е и прекршување на лимитите за платено политичко рекламирање кај „ТВ Нова“, која во два наврати на 26 и 27 октомври, емитуваше повеќе од дозволените 8 минути за платено политичко рекламирање на реален час емитувана програма за политичките партии во опозицијата.

ААВМУ ќе поднесе барања до надлежниот суд за покренување на прекршони постапки.

Од таму велат дека извештаите за начинот на известување на медиумите за изборната кампања за вториот круг ќе бидат објавени кон крајот на неделава.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико