Радовишанец со измама зел 43.000 денари ветувајќи изработка на мебел | Правдико

Правдико

   

Радовишанец со измама зел 43.000 денари ветувајќи изработка на мебел

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Струмичката полиција поднесе кривична пријава против 33-годишник од Радовиш поради сомнение за сторени кривични дела измама и фалсификување исправа.

Како што информираат од МВР, пријавениот со намера нелегално да оствари добивка, од оштетеното лице во март годинава зел 43.050 денари за да му порача мебел, кој претходно му го понудил со прикажување на лажни фотографии.

Измамникот дури и лажно претставил лице како мајстор за изработка на мебел со фирма која не постои, за што изготвил лажна фактура.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико