Радовишани украле 194.553 денари од локално казино
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.ПС Радовиш поднесе кривична пријава против К.Б. (31) од Радовиш, Ш.Н. (22) од Велес, А.В. (24) од Радовиш и К.С. (40) од Радовиш, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „тешка кражба„ на штета на казино од Радовиш, а додека пријавениот К.С. сторил кривично дело „помагање“ во врска кривично дело „тешка кражба“.
Пријавениот К.Б. на 26.12.2016 ги организирал пријавените Ш.Н. и А.В., со намера за себе да прибават противправна имотна корист, насилно да влезат во просторија-канцеларијата од казиното лоцирана на ул.„Плоштад Слобода“ во Радовиш, од каде пронашле и одземале плик во кој имало 30.789 денари и тикети, а исто така и насилно ја одземале металната каса – сеф, во која имало 163.746 денари.
Пријавените Ш.Н. и А.В. одземената метална каса-сеф ја ставиле во патничко возило сопственост на пријавениот К.С. кој помогнал во извршување на кривично дело на тој начин што металната каса со неговото возило ја однел према браната Мантово каде сите заедно насилно ја отвориле. Со извршеното кривично дело се стекнале со противправна имотна корист од 194.553 денари.
Извор: Нова Македонија