Правдико

   

Рахој: Независност на Каталонија значи напуштање на ЕУ

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

RajoyШпанскиот премиер Маријано Рахој изјави дека неговата владејачка Народна партија ќе се обиде да го спречи отцепувањето на Каталонија, додавајќи дека тоа ќе значи “напуштање на ЕУ.”

Во Каталонија ќе се одржат регионални избори на 27 септември, кога сепаратистите ќе се обидат да освојат мнозинство во парламентот и да ги протуркаат своите залагања за независност, пренесува Танјуг.

Рахој изјави дека неговата партија ќе се спротивстави на овие напори, со аргумент дека Каталонците “ќе ги изгубат своите права како Европејци и Шпанци.”

Властите на Шпанија и ЕУ му напоменаа на Каталонија, дека ќе се најде надвор од ЕУ ако се отцепи и ќе биде принудена повторно да аплицира за членство во Унијата.

Сепаратистите објавија дека нивната изборна победа ќе му овозможи пат кон независноста за 18 месеци, а Рахој, инсистира на тоа дека независноста на Каталонија е неуставна и дека нема да ја дозволи.

Партнери на Правдико