РАИ: Албанија, вратата на џихадот
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Италијанската телевизија РАИ објави извештај под наслов “Албанија, вратата на џихадот”, кој говори за шверц на оружје од Албанија преку Црна Гора. Оружјето купено на овој начин е употребено за време на крвавите настани во Париз на 13 ноември.
Во извештајот кој го пренесе албанската телевизија Ора њус, а почнува од Скадарското Езеро кое ги дели Албанија и Црна Гора, и по кое во текот на ноќите плови бродот со оружје и шверцерите.
Снимени се двајца мажи кои истовараат кутии со оружје и после тоа го кријат во близина, од каде што следниот ден го преземаат.
Според новинарот, тоа е оружје кое е употребено во крвавите настани во Париз на 13 ноември, а Балканот го опишува како центар за регрутирање на џихадисти.
Според италијанската ТВ1, има повеќе од илјада етнички Албанци кои се борат во странски војни, така што Албанија е земја која има најмногу џихадисти во однос на население.
Во извештајот се опишува начинот на кој функционира црниот пазар на оружје.
Албански шверцер вели дека најбарани се АК-47, стари советски пиштоли и оружје од поранешна Југославија. Според зборовите на шверцери, цената на калашниковите се движи од 400 до 450 евра, а бомбите од 60 до 70 евра.