Рамуш Харадинај денеска пред судот во Колмар | Правдико

Правдико

   

Рамуш Харадинај денеска пред судот во Колмар

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поранешниот хашки обвинет и претседател на Алијанса за иднина на Косово, Рамуш Харадинај денеска се очекува да се појави повторно пред француски суд во Колмар.

Харадинај посочи дека верува оти судот следната недела ќе го заврши неговиот случај и ќе му овозможи да се врати во Косово.

– Досега чекавме предмет од Србија. Судот ме повика утре да се јавам во Колмар каде е предадено обвинението од Србија. Веднаш ќе побарам рочиште за разгледување на предметот, ќе ги отфрлиме обвинувања и нивото барање за екстрадиција, што е политички мотивирано, истакна вчера Харадинај.

Тој во моментно се наоѓа на условна слобода до одлуката за испорачување во Србија.

Извор: Утрински весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико