Рамуш Харадинај и официјално кандидат за косовски премиер
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Поранешниот командант на Армијата за ослободување на Косово (ОВК) и поранешен премиер Рамуш Харадинај ќе биде кандидатот за премиер на новоформираната коалиција меѓу неговата партија Алијанса за иднината на Косово (ААК), Демократската партија на Косово и Иницијативата за Косово, пренесе Танјуг, повикувајќи се на соопштение на ААК.
Во Приштина оваа голема коалиција веќе ја поргласуваат за победник на предвремените парламентарни избори во Косово, закажани за 11 јуни, забележа српската агенција.
И трите партии се предводени од поранешни команданти на ОВК.
Харадинај веќе беше премиер на Косово од 2004 до 2005 година, кога поднесе оставка заради процесот што против него се водеше пред Хашкиот трибунал за воени злостортства. Тој во 2012 година беше слободен од обвиненија.
Извор: Нова Македонија