Ранет познатиот косовски адвокат Азем Власи, префрлен на Ургентен | Правдико

Правдико

   

Ранет познатиот косовски адвокат Азем Власи, префрлен на Ургентен

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Приштинскиот адвокат Азем Власи во понеделникот утрото бил ранет од огнено оружје, потврди косовската полиција.

Неговата сопруга Надира Авдиќ-Власи изјави дека едно лице го ранило Власи во рамото и дека тој се наоѓа во Ургентниот центар  на Клиничко-болничкиот центар на Косово и е вон животна опасност.

„Утринава кај него дојде едно лице кое бараше од Азем да го застапува во некој предмет. Азем му кажа дека не работи на таков предмет и потоа дојде, како можев да забележам до туркање, по што се чу истрел. Азем е ранет во рамото„ изјави неговата сопруга.

Азем Власи е во свесна состојба и се подготвува за операција, додаде Надира Авдиќ-Власи. Полицијата соопшти дека е во тек интезивна потрага по лицето кое пукаше во Власи.

Азем Власи, покрај тоа што е адвокат и политички аналитичар, беше истакнат политичар во поранешна СФРЈ.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико