Расчистена кражба на возило, приведен крадецот | Правдико

Правдико

   

Расчистена кражба на возило, приведен крадецот

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Четириесет и шестгодишен скопјанец е приведен за кражба на автомобил.

Според информациите, Б. Д. на 11 октомври годинава, од булеварот Борис Трајковски одзел патничко возило „хјундаи“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Т. Н. од Скопје, со кое подоцна во с. Ново Село, Скопско, удрил во возило „ситроен берлинго“, сопственост на К. М. од Скопје и го напуштил местото.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 242 од Кривичниот законик.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико